ФОКУСОТ НА АКАДЕМСКАТА СОРАБОТКА И ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА ЖЕНИТЕ ВО НАУКАТА.

Скопје, октомври 2025 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во соработка со Мрежата на жените во науката, ја пречекаа делегацијата од турската влада, предводена од пратеничката г-ѓа Рукије Тој.

Делегацијата беше пречекана од проректорот за меѓународни односи, вон. проф. д-р Дитурије Исмаили, во придружба на деканот на Факултетот за социјални науки, доц. д-р Арта Џелили, и професорката доц. д-р Елизабета Бајрами Ологу.

На средбата присуствуваа г-ѓа Лејла Озџан, г-ѓа Емине Чакир и г-дин Хасан Хусеин Каракаш, со кои се одржа плодна дискусија за зајакнувањето на соработката меѓу УМТ и турските институции, со фокус на вмрежување на жените во кариерата, промовирање на родовата еднаквост и развивање заеднички академски и културни проекти.

Средбата беше карактеризирана со дух на разбирање и подготвеност за градење трајни мостови на соработка во областа на високото образование и зајакнувањето улогата на жените во науката и општеството.

By