Скопје, 03.02.2026 година – Денес, во својот кабинет, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, ги прими на средба претставниците на Универзитетското студентско собрание, предводени од претседателот, Бесар Сејдиу.

На средбата, ректорот Фетаји беше придружуван од раководителот на организациската единица, м-р Бејамин Реџепи, при што разговорите беа фокусирани на унапредување на условите за студирање, поддршка на студентските иницијативи и зајакнување на улогата на студентите во процесот на академско одлучување.

За време на средбата, ректорот и претставниците на УСС разговараа за плановите за реализација на нови проекти, унапредување на административните услуги и организирање активности кои ќе го збогатат студентскиот живот на кампусот. Ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, ја реафирмираше целосната и континуирана поддршка на Ректоратот за секоја иницијатива што произлегува од студентите, препознавајќи ги како клучни партнери во унапредувањето на квалитетот и угледот на Универзитетот.

Од друга страна, претседателот на УСС, Бесар Сејдиу, изрази благодарност за отворениот пристап на раководството на УМТ, нагласувајќи дека овој континуиран дијалог помага во брзото справување со предизвиците и создавањето стимулативна академска средина.

By