Скопје, април 2026 – Во пресрет на новиот академски циклус, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје го продолжи својот промотивен караван со клучна посета на Средното училиште на Град Скопје „Цветан Димов“. Оваа средба не беше само формална презентација, туку отворен разговор за иднината и професионалната ориентација на новата генерација.
Академскиот тим на УМТ, предводен од професорите Бујамин Бела, Букурие Имери Јусуфи, Неритан Туркеши, Аргетим Салиу, Елизабета Бајрами Ологу, Егзона Исени, Гента Спахиу Мирзо и Албина Муча, пред матурантите ги претстави бројните можности што ги нудат осумте академски единици на универзитетот.
Посебен фокус беше ставен на иновациите и технологијата при што студиските програми одговараат на барањата на глобалниот пазар, практичната работа, ангажманот во современи лаборатории и меѓународни проекти, како и новата инфраструктура и современите услови во кампусот на УМТ кои го поттикнуваат креативното и научно истражување.
Матурантите покажаа исклучителен интерес, вклучувајќи се активно во дискусии со професорите. Нивниот интерес главно беше насочен кон можностите за вработување по дипломирањето и можностите за добивање на стипендии. За подетални информации, на учениците им беа поделени нови информативни материјали и упатства за понатамошните чекори за запишување.
УМТ срдечно им се заблагодари на раководството и вработените од СУГС „Цветан Димов“ за нивното гостопримството и одличната соработка во нашата заедничка мисија: градење на светла иднина за нашата младина.
