Скопје, 11.02.2026 – Во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје успешно заврши првата крводарителска акција, иницијатива која го означува почетокот на една значајна традиција на хуманост и солидарност во нашата институција.

Акцијата беше реализирана во тесна соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Чаир. Студентите, академскиот и административниот кадар масовно се одзваа на повикот да придонесат во спасувањето човечки животи.

За време на крводарителска акција, која се одржа во салата Б104, се покажа високо ниво на алтруизам и општествена одговорност од страна на академскиот, административниот кадар и студентите.

Ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, изрази длабока благодарност до сите крводарители, кои со овој благороден чин покажаа дека универзитетот не е само центар на знаење, туку и место каде што се негуваат човечките вредности.

Донираната крв денес е скапоцен подарок за живот, а успехот на оваа организација нè охрабрува ваквите акции да станат постојан дел од нашата институционална агенда.

By