Shkup, 7 март 2026 година – Во свечена атмосфера и со големо симболично значење, денес беше поставен камен-темелникот на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe.
Овој проект, оценет како најстратешка инвестиција во историјата на високото образование во Република Северна Македонја со вредност од 42 милиони евра, ги обедини највисоките државни претставници и раководството на институцијата во заедничка визија за модернизација на образованието.
За време на церемонијата, ректорот Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. д-р Беким Фетаји, во својство на домаќин оцени дека овој момент го означува крајот на периодот на импровизирани простории и почетокот на една епоха во која универзитетот добива свој постојан дом.
Ректорот Фетаји истакна дека овој проект претставува нов храм на знаењето и хуманизмот во срцето на Скопје, додавајќи дека името на светицата што го носи оваа институција е постојан водич. Тој ја нагласи важноста на хуманото прашање, велејќи:
„Името на Мајка Тереза го обврза овој универзитет да се истакнува не само во едукацијата на умот, туку и во едукацијата на срцата на младата генерација, промовирајќи ги вредностите на хуманизмот, посветеноста и солидарноста.“
Премиерот на Република Северна Македонија, г-дин Христијан Мицкоски, истакна дека овој проект е многу повеќе од една градежна локација, оценувајќи го како стратешка инвестиција во заштитата на највредниот капитал на земјата и младината. Тој потврди дека Владата останува цврсто посветена на поддршката, обезбедувајќи 42 милиони евра за овој кампус да понуди современи услови со лаборатории и модерна инфраструктура, бидејќи, како што рече, нема силна економија без силни универзитети.
За историската важност за албанското образование, градоначалникот на Чаир, г. Изет Меџити, во својот говор нагласи дека овој кампус трајно го трансформира Чаир и Скопје во универзитетски центар со академско достоинство. Тој истакна дека инвестициите во универзитетите градат врски меѓу генерациите и го штитат културниот и јазичниот идентитет на нашиот народ, формирајќи ја идната професионална елита.
Министерката за образование и наука, г-ѓа Весна Јаневска, го поздрави почетокот на работите, нагласувајќи дека оваа капитална инвестиција гарантира дека до 2030 година, академскиот кадар и студентите ќе имаат идеални услови за научни истражувања, изедначувајќи ја оваа институција со најпрестижните универзитети во земјата.
Од друга страна, првиот заменик – претседател, г-дин Беким Сали, истакна дека овој камен-темелник е круна на долг административен и политички труд, нагласувајќи дека од денес нашата битка е само со времето. Тој увери дека овој кампус ќе биде важен мотор за економски развој и двигател на напредокот на знаењето за сите граѓани.
Во однос на институционалните и техничките аспекти, заменик-министерот за транспорт, г-ѓа Калтрина Зеколи Шаќири, потсети на тешкото патување на универзитетот од импровизираните објекти до овој кулминативен момент, изразувајќи гордост што Министерството за транспорт ја оствари оваа визија со доделувањето на градежната дозвола.
Кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe да се протега на 31 илјада квадратни метри, ќе вклучува амфитеатар, дигитална библиотека, истражувачки лаборатории, спортски сали и базен, трансформирајќи се во бастион на знаење што ќе им служи на генерациите со децении што следуваат.
