Скопје, март 2026 – Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје учествуваа на свечената манифестација по повод Одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, која се одржа во Аулата на Ректоратот на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје.
Настанот беше организиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади, Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” и Обединетите нации во Република Северна македонија, под глобалната тема: „Права. Правда. Посветеност за сите жени и девојки“.
Учество на студентите од Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје на овој собир имаше за цел поттикнување конструктивен дијалог со младата генерација за важноста на женското лидерство во општеството, како и инспирирање на младите девојки и жени да ги следат своите соништа и академските и професионални амбиции.
За време на овој настан, беше претставена и иницијативата „менторство за лидерство“, реализирана во соработка со една локална организација, со цел да се обезбеди поддршка и развој на лидерските вештини за младите девојки и жени.
