Скопје, 02.04.2026 година – Во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во организација на Центарот за кариера при УМТ, се реализираше професионална обука за советниците за кариера во средните училишта.

Обучувач на оваа средба беше раководителот на Центарот за кариера при УМТ, м – р. Илир Идризи, додека учесници на оваа обука беа советници за кариера од средните училишта во град Скопје.

Обуката имаше за цел зајакнување на советниците за кариера, со посебен фокус на улогата на советникот за кариера, главните задачи, работата со ученици, меѓуинституционалната соработка, обезбедувањето квалитет, како и професионалниот развој. Исто така, беше презентирана дигитална платформа за тестирање на вештините на учениците, креирана од страна на персоналот на УМТ.

Овој настан претставува прв чекор во соработката помеѓу Центарот за кариера при УМТ и средните училишта. Во продолжение се очекува да се реализираат и други заеднички активности, со цел унапредување на капацитетите и кариерно насочување на учениците од средните училишта.

By