Скопје, 05.05.2026 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје (УМТ) организираше отворено предавање со наслов „NATO Career Opportunities“, со цел информирање на студентите и академскиот кадар за различните кариерни патеки во најголемата воено-политичка организација во светот. Настанот беше модериран од проректорот за настава, проф. д-р Фати Исени, кој ја нагласи важноста на оваа сесија за приближување на студентите до можностите за придонес во глобалната безбедност и иновациите.
Предавањето го отвори ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, тој ги поздрави гостите и ги охрабри присутните да ги искористат овие платформи за меѓународен професионален развој.
За време на сесијата, двајца високи претставници од седиштето на НАТО споделија практични информации и свои искуства. Г-ѓа Дорка Бала-Џонсон презентираше детален преглед на програмите на НАТО, вклучувајќи ја програмата за пракса (Internship), отворена за лица над 21 година, со времетраење од 6 месеци во Брисел и месечен надомест од околу 1.300 евра. Таа исто така ја елаборираше и програмата за млади професионалци (YPP), тригодишна програма за кандидати со магистерска диплома и најмалку една година работно искуство, како и позициите за цивилен кадар, кои нудат можности за вработување во области како технологијата, кибер-безбедноста, финансии и меѓународни односи.
Додека, д-р Благој Делипетрев, архитект за вештачка интелигенција во НАТО, го сподели својот личен кариерен пат во седиштето на НАТО. Тој зборуваше за процесот на регрутација – од аплицирање преку кариерниот портал, до писмени тестови и интервјуа базирани на компетенции (STAR метод). Исто така ја претстави програмата „Наука за мир и безбедност“ (SPS), кој нуди можности за универзитетите и истражувачки институции да добијат грантови за повеќегодишни проекти до 400.000 евра, како и улогата на вештачката интелигенција во политиките на НАТО и развојот на алатки како „AI Chatbot“.
За сите заинтересирани беше истакнато аплицирањето за пракса обично се одвива во периодот април–мај. Кандидатите треба да бидат државјани на земја членка на НАТО и да го познаваат англискиот или францускиот јазик.
Настанот се затвори со интерактивна сесија со прашања и одговори, каде студентите од прв и втор циклус имаа можност директно да се консултираат со експертите за нивните следни чекори кон меѓународна кариера.
