Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, преку Кариерниот центар, ги поканува сите студенти да станат дел од новата дигитална платформа наменета за вработување, професионална пракса (стажирање) и кариерен развој, со цел директно поврзување на студентите со пазарот на труд.
Порталот е достапен на трите официјални јазици на УМТ (албански, македонски и англиски).
Линк до порталот (URL): https://career.site.je
Пристап: Регистрацијата се врши преку официјалната универзитетска е-пошта (UNT Google Mail).
Главни функционалности:
Паметно спојување (Match-making): Автоматско поврзување на вештините на студентот со огласите за работа.
Професионален профил: Креирање и управување со дигитално CV на студентот.
Простор за компании: Регистрирање на компании и објавување отворени позиции (full-time, part-time или проекти).
Аплицирање и следење: Онлајн аплицирање и увид во статусот на апликациите во реално време.
Советување и обуки: Резервација за кариерно советување, работилници и саеми за кариера.
Интеграција со LinkedIn: Лесна синхронизација со постоечките професионални профили. Овој портал има за цел да создаде директен мост меѓу универзитетското образование и индустријата, помагајќи им на студентите во нивниот професионален развој, а на компаниите во пронаоѓањето квалификуван кадар.
