Скопје, 09.06.2026 година – Ректорот на Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, Проф. д-р Беким Фетаји, учествуваше на Јубилејната конференција по повод 20-годишнината од основањето на Стопанската комора на Северозападна Македонија, која обедини институционални лидери, бизнисмени и претставници на академската заедница.

На настанот, кој го отворија претседателот на СКСЗМ, Нухи Алиу, и првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, се одржа панел-дискусија за позицијата на стопанските комори во регионот во следната деценија. Учеството на ректорот Фетаји повторно го потврдува силното партнерство на УМТ со бизнис-секторот во насока на усогласување на високото образование со потребите на пазарот на трудот.

Настанот кулминираше со промоцијата на Јубилејната монографија (2005–2025), која ги отсликува двете децении на исклучителен придонес на СКСЗМ за економијата и општеството на земјата.

By