Скопје, ноември 2026 година – Студентите од првиот циклус на студии на Факултетот за архитектура и градежништво при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, придружувани од академскиот кадар, реализираа студиска посета на Музејот на современа уметност во Скопје.
Посетата претставува продолжување на успешната соработка со кураторката Бојана Јанева, чија професионална и инспиративна презентација за музејот остави посебен впечаток кај претходните генерации студенти. Во рамките на оваа соработка, и новата генерација студенти имаше можност да ја разбере поврзаноста меѓу архитектурата, уметноста и солидарноста, како и да се запознае со делото на познатите полски архитекти, познати како „Тигрите“, автори на проектот за зградата на музејот.
Покрај запознавањето со архитектонските особености на музејот, студентите ја посетија и ретроспективната изложба „Благоја Маневски – 40 години творештво“. Посетата на изложбата ги збогати нивните знаења за современата уметност и за односот меѓу уметничките дела и изложбениот простор.
