Хрватска, ноември 2026 година – Во рамките на мобилноста и студискиот престој преку меѓународната програма Еразмус+, деканот на Правниот факултет при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Александар Петковски, реализираше академска посета на Правниот факултет при Универзитетот „Јосип Јурај Штросмајер“ во градот Осиек, Република Хрватска.

За време на престојот, проф. Петковски одржа предавање пред студентите и академскиот кадар на институцијата домаќин на тема: „Предизвиците на управната постапка во двојазично општество“.

Во своето предавање, професорот ги обработи правните, практичните и институционалните аспекти на примената на двојазичноста во управните постапки, осврнувајќи се на уставните и законските гаранции за еднаквост на граѓаните пред државните органи, како и на предизвиците со кои се соочува јавната администрација при обезбедувањето ефикасни и достапни услуги во повеќејазични средини.

Предавањето предизвика особен интерес кај студентите по право во Осиек, отворајќи конструктивна дискусија за компаративните искуства и европските стандарди во оваа област.

By