Процес на акредитација и реакредитација,

Постапки за институционална евалуација 

Процедурите за институционална акредитација вклучуваат низа чекори и процедури кои се споведуваат согласно Правилникот. Носител на процесот е ректорот на Универзитетот, кој делегира надлежности на работната група. 

Постапки за евалуација на студиските програми 

Универзитетот подготвува програми според стандардите установени од Канцеларијата за квалитет, при што резултатите од учењето на студиските програми се во согласност со националната рамка на квалификации и Европската рамка на квалификации за високо образование и како такви се предмет на надворешна евалуација. 

Со цел да се обезбедат високи стандарди, Универзитетот го состави Правилникот за изработка на силабуси со поддршка од меѓународни експерти од Австрија. Во изработката на студиските програми се вклучени и стручни лица и професори на Универзитетот. 

Системот и процедурите за развој на наставната програма се главно развиени и адаптирани од моделите на Европскиот универзитет, а базирани на Болоњскиот систем. 

Надлежните и носителите на процесот за евалуација на студиските програми и подготовката за процесот на (ре)акредитација се поделени на институционално ниво: 

  • Сенат;  
  • Ректорска управа;  
  • Наставно-научниот совет; 
  • Канцеларија за квалитет.