Внатрешното обезбедување и контрола на квалитетот на Универзитетот Мајка Тереза, како јавен универзитет, е утврдено со Законот за високото образование на Република Северна Македонија, Стратегијата за развој на високото образование, како и со самиот Статут на Универзитетот Мајка Тереза. Една од надлежностите на менаџментот на Универзитетот е управувањето со квалитетот на централно ниво, додека на ниво на факултети/одделенија е надлежност на деканот, односно на продеканот за настава.
Имајќи ги предвид внатрешните потреби на Универзитетот за современ систем за обезбедување и унапредување на квалитетот, секогаш потпирајќи се на Болоњскиот систем, Сенатот на УМТ во февруари 2022 година одлучи да формира Канцеларија за квалитет. Во согласност со Законот за високото образование и Статутот, со цел да се постигнат највисоките национални и меѓународни стандарди, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје го разви својот внатрешен систем за обезбедување на квалитетот, кој гарантира постигнување на целите и меѓународните стандарди, стандардите кои потекнуваат од Болоњската декларација и се резимирани со Правилникот и Европските Стандарди за Обезбедување на Квалитетот.
Системот за обезбедување на квалитет на Универзитетот „Мајка Тереза“, покрај тоа што е обезбеден од органите за управување на Универзитетот, исто така тоа е регулирано со формални процеси и процедури одобрени од највисокото академско тело на Универзитетот, Сенатот и од Ректорска Управа на Универзитетот.
Основните механизми и инструменти за обезбедување на квалитетот и управување на институционално ниво се:
-Универзитетскиот Сенат,
-Ректорска Управа,
-Наставно – научниот Совет,
-Канцеларија за квалитет,
Додека основните документи кои овозможуваат имплементација на стратегиски менаџмент и политики за обезбедување на квалитетот се:
-Статутот на Универзитетот;
-Правилник за обезбедување на квалитетот;
-Правилник за оценување и користење на резултатите од евалуацијата на академскиот кадар;
Универзитетот „Мајка Тереза“, преку Канцеларијата за квалитет, систематски го следеше и оценуваше квалитетот на институцијата, собирајќи и анализирајќи ги релевантните информации од соработниците и засегнатите страни.
Сите овие информации служат за подобрување на условите за настава и учење на Универзитетот, но и за подобрување на административните и другите услуги кои ги нуди Универзитетот. Една од редовните еваулации кои ги спроведува Универзитетот е еваулацијата на академскиот кадар преку анкети наменети за студентите, која е согласна со Упатството за еваулација на предметите од страна на студентите и користење на нивните резултати.
Механизми за оценување на квалитетот
Сенатот на УМТ, со цел за оценување на квалитетот на академските и административните активности, одобри три вида инструменти за еваулација на квалитетот: анкети за академскиот кадар, анкети за административниот персонал и анкети за студенти.
Покрај овие анкети за оценување на квалитетот, во согласност со Статутот на УМТ, семестарски се спроведува и еваулација на студентите во врска со наставата и учењето на одредени предмети преку анонимни анкети за предавања и сето тоа го координираат деканите на факултетите (или продеканите за настава) во соработка со раководителите на секторите и по иницијатива на проректорот за развој на квалитетот.
Механизми за поддршка
Постојат голем број механизми за подобрување на квалитетот на Универзитетот. Квалитетот на истражувачките активности на академскиот кадар на УМТ се смета преку публикации во научни списанија со меѓународна рецензија и учество на национални, меѓународни и научни конференции. Врз основа на бројот на трудови во списанија со меѓународна рецензија, доаѓа и до унапредување на академскиот кадар.
Од факултетите се собираат перформансите за студентите како што се: процент на положени испити, организација на колоквиуми, времетраење на студиите итн.
Како традиционален механизам се смета и акредитацијата на студиските програми од Сенатот на УМТ, каде што секоја нова студиска програма мора да помине низ факултетските структури и потоа да добие согласност од Сенатот.
Оценување на предмети и наставници
Со цел континуирано унапредување на наставниот процес, Универзитетот „Мајка Тереза“ смета дека е важна дадената оценка од студентот за самиот предметот, како и за квалитетот на наставата особено за наставниците. Овој процес се спроведува преку анкети за еваулација на предмети и наставници.
Линк за оценување на квалитетот:
1. Анкета за оценување на предмети
Оценка на квалитетот
Со цел да се контролира квалитетот на академските и административните активности, Сенатот на УМТ одобри три вида на инструменти за еваулација на квалитетот: анкети за студенти, анкети за административниот персонал и анкети за академскиот кадар.
1. Анкета за студенти
2. Анкета за административен кадар
3. Анкета за академски кадар