Скопје, август 2026 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, во придружба на проректорот вон. проф. д-р Бујамин Бела и секретарот на Факултетот за градежништво и архитектура, Нехар Алиу, на работна средба го прими директорот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ при Град Скопје, г. Муамер Сефери.

За време на средбата беше остварен плоден разговор со фокус на стратешкото насочување и просторното планирање за уредување, озеленување и хортикултурно унапредување на надворешните простори на универзитетскиот кампус. Раководството на УМТ го информираше директорот Сефери за најновите инфраструктурни активности на Универзитетот и проектите за создавање одржлива, еколошка и современа средина за студентите и академскиот кадар.

Ректорот проф. д-р Беким Фетаји упати срдечна благодарност до директорот г. Муамер Сефери за безрезервната поддршка што ЈП „Паркови и зеленило“ му ја обезбедува на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, истакнувајќи ја важноста на меѓуинституционалната соработка за создавање зелени простори со високи еколошки стандарди, во служба на академската заедница.

By