Скопје, 19.08.2026 – Денес, во својот работен кабинет, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, на официјална средба ја прими главната и одговорна уредничка на Вториот програмски сервис на МРТ2, програма на албански јазик, г-ѓа Леунора Калиќи, како и уредникот на Информативната програма на МРТ2, г. Фатос Муслиу.
Во текот на средбата, ректорот Фетаји ги информираше гостите подетално за текот на подготовките за процесот на запишување на нови студенти за академската 2026/2027 година, за високиот интерес на кандидатите за студирање на осумте академски единици на УМТ, како и за развојот и модернизацијата на универзитетската инфраструктура.
Во рамките на меѓуинституционалната соработка, ректорот Фетаји, г-ѓа Каличи и г. Муслиу се согласија за финализирање на договор за соработка меѓу двете јавни институции. Овој договор ќе има за цел промовирање на академските активности, поддршка на студентите во областа на медиумите и информирањето, како и афирмирање на образовните и научните достигнувања на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
