Во рамките на вежбите по предметот Технологија на пакување, студентите од IV година од насоката Прехранбена технологија на Факултетот за Технолошки Науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје заедно со предметниот наставник проф. д-р Богдан Богданов и доц. д-р Олга Поповска на 02.12.2019 беа во посета на компанијата „БАС Тути Фрути“ во Скопје.

Студентите посетија два погони и магацин за суровина и готов производ. Во погонот за производството на PET (polyethylene terephthalate, полиетилен терефталат) претформите, студентите се запознаа со методот за инјекционо обликување (injection molding) и со процесот на дување на претформите (blow molding) и формирање на шишињата.

Полимерот PET е транспарентен и термопластичен кој има капацитет да кристализира под дадени контролирани услови. Цврстината и крутоста се зголемуваат со развлекување во текот на леењето и екструзијата. Претформите се со специфичен навој и спектар на бои, а волуменот на шишињата е меѓу 0,3 L и 10 L. PET-шишињата добиени од претформите се претежно аморфни и со добра транспарентност кои можат да се користат за складирање на вода и сокови.

bas tuti fruti 2

bas tuti fruti 3

By