Скопје, 24 декември 2021 – Студентите од Факултетот за социјални науки при Универзитетот „Мајка Терза“ во Скопје, насока Труд и социјална политика, предводени од професорката Елисабета Бајрами Ологу, остварија студиска посета во Центарот за семејно советување и психосоцијална поддршка “Аурум“ во Чаир.
На оваа посета студентите беа пречекани од директорката на центарот, г-ѓа. Сабиле Шерифи и при посетата одблиску беа запознаени со работата на центарот, услугите кои се даваат, ангажираниот персонал и предизвиците во рамките на семејното советување.
Центарот Аурум е специјализиран за давање услуги за советување и психо-социјална поддршка со цел зајакнување на поединецот и семејството, подигање на свеста на менталното здравје на поединецот, семејството и заедницата воопшто. Во таа насока проф. д-р. Муса Мусаи, психолог и воедно близок соработник на центарот, им одржа предавање на студентите.