Скопје, јули 2022 година – На Факултетот за Социјални Науки, на студиската програма од втор циклус „Спорт и спортски науки“ при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, успешно беше реализирана одбраната на првиот магистерски труд на кандидатот Муамер Абдулау на тема: „Односите на некои антропометриски карактеристики, моторни и специфично-моторни вештини кај фудбалерите на 17 годишна возраст“.
Комисијата составена од: Проф. Др. Блерим Саити, претседател на комисијата, доц. др. Агон Саити член, проф. Др. Висар Ганиу ментор, трудот го оценија како многу интересна научна студија за спортските науки и многу прагматична, со оглед на тоа што ги исполнил сите соодветни научни стандарди и критериуми.
Инаку, кандидатот Муамер Абдулау направи анализа за односите на антропометриските карактеристики и моторните вештини како и специфично-моторните вештини кај фудбалерите на 17 годишна возраст, покажувајќи дека и оваа студија докажува дека единствен начин за постигнување спортски резултати е преплетувањето на спортските науки со апликативниот дел.
УМТ на кандидатот веќе (магистер по науки) Mr.sc. Муамер Абдулау му посакува здравје и успех во неговата кариерата на областа каде што работи и во неговата животна дејност.