Скопје, 7 септември 2022 год. – На свечениот прием на новозапишаните студенти по информатика, ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири, во присуство на проректорот, доцент Фати Исени, и деканот на ФИН, проф. д-р Александар Димовски, ги потпишаа договорите за целосна стипендија за сите матуранти со одличен успех запишани на Факултетот за информатички науки при УМТ.
На сите матуранти со одличен успех кои избраа да студираат на Факултетот за информатички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во академската 2022/2023 година им беше доделено целосна стипендија. Матурантите со оценка помеѓу 4,00–4,99 добија половична стипендија.
Овие стипендии овозможени од соработката на УМТ со Агенцијата за електронски комуникации, ќе продолжат да се доделуваат и во текот на вториот испитен рок што ќе трае од 12. до 15. септември.