Скопје, декември 2022 година – Стопанската Комора на Северозападна Македонија пред студент(ки)ите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје имаше презентација за нејзината мисијата, визијата на услугите и проектите што ги спроведува СКСЗМ, со посебен акцент на нејзиниот најголем проект Топ 100™.
Извршниот директор на СКСЗМ, г. Дрилон Исени ги информираше студент(ки)ите за компаниите членки на комората и за проект Топ 100™, кој СКСЗМ ја организира 12-ти пат по ред.
Деканот на Факултетот за технички науки, проф. д-р. Неритан Туркеши и раководителот на канцеларијата за кариера, г. Илир Идризи ги охрабрија студент(ки)ите да ги следат своите практични работи и во рамките на Стопанска Комора на Северозападна Македонија како лидер во РСМ.
Студент(ки)ите покажаа интерес за можностите што ги нуди СКСЗМ и за проектот Топ 100™ и беа вклучени со конкретни прашања.
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Стопанска Комора на Северозападна Македонија се стратешки партнери и ќе продолжат да развиваат вакви заеднички проекти и во иднината.