Скопје, декември 2022 година- Студент(к)ите на Факултетот за технолошки науки при Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје од студиската програма Текстил, дизајн и моделирање на покана од Националната галерија во Република Северна Македонија во Старата скопска чаршија, учествуваа на студиската работилница на тема: „Make a Wish”.
Темата и мотивот на работилницата беа креирањето на сфери и други декоративни елементи, додека материјалите за изработка на овие декорации како и помошните материјали овојпат беа донирани од модната куќа „Бела“. Истите беа повторно искористени, редизајнирани во уникатни и оригинални креации.
Организацијата беше извршена на покана на директорката на Националната галерија, г-ѓа Дита Старова Ќерими, додека студент(к)ите ги предводеа професората Гента Спахија Мирзо и професорот Зејнељабедин Азири.