Скопје, 02.02.2023 Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска потпиша договор за соработка со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, со цел дефинирање и унапредување на развојот на високото образование, односно наставно-образовните, истражувачките и апликативните активности.
Двајцата потписници на договорот, ректорот на УМТ проф. д-р. Изет Зеќири и ректорот на УКИМ проф. д-р. Никола Јанкуловски ветија подигнување на нивото на меѓусебна соработка, преку заедничка заложба за остварување и зајакнување на достигнувањата во високото образование и науката, со цел за развој на општеството.
Двата универзитета ќе реализираат активности кои се од општествен и заеднички интерес, преку користење на заеднички научни, материјално-технички, стручни и човечки истражувања, се наведува во договорот за соработка.
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ се договорија да создадат континуирана размена на искуства, знаења, податоци и информации за да се постигне целта за соработка, преку организирање заеднички студиски програми и размена на студенти, организирање на заеднички семинари, конференции и работилници, за развој на истражувачко-научните активности, планирање на заеднички проекти, примена, реализација, односно истражување и управување со проекти и други соработки во области од заемен интерес.
Реализацијата на активностите поврзани со овој Меморандум ќе се развива со посебни договори меѓу соодветните факултети и другите единици во состав на страните потписнички, со согласност на ректорите на двата универзитета.
Од своето основање, УМТ има потпишано над 60 меморандуми за соработка со високообразовни институции од земјата, регионот и светот.