Скопје, 11.04.2023 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. д-р Изет Зеќири денеска ги посети и потпиша меморандум за соработка со директорите на три средни училишта во главниот град, директорот на гимназијата „Зеф Луш Марку“ Арбен Мемеди, директорот на средното економско-правно училиште „Арсени Јовков“ Назми Рамани и директорот на следното училиште „Цветан Димов“ Сакип Аџами.

Со овие договори потписниците се согласија дека тие се рамка врз основа на која ќе се реализира соработката меѓу овие институциите.

Договорот за соработка опфаќа, размена на научни и стручни искуства и знаења, подготовка на заеднички програми за научно-стручно оспособување и професионално усовршување на кадарот, подготовка на заеднички проекти, анализи и евалуации во горенаведените области, соработка на взаемна поддршка во организација и реализација на стручни и научни конференции, семинари, тркалезни маси, работилници, летни школи, соработка во областа на едукативни програми од областа на практичната и клиничката работа и други форми на соработка за кои ќе одлучуваат самите институции.

Ректорот Зеќири беше придружуван од проректорот за образование и студентски прашања вон. проф. д-р Фати Исени, проректор за меѓународни односи, проф. д-р Ризван Сулејмани, проректор за наука проф.д-р. Беким Фетаји и проректорот за финансии инвестиции и развој доц. д-р. Бујамин Бела.

Со овие договори, УМТ ја официјализира одличната соработка што ја има со средните училишта на град Скопје, со што во пракса ја спроведува размената на искуства и размена на кадар, додека на матурантите во текот на учебна година, по нивно барање, им се овозможува посета на просториите на УМТ и информации за студиските програми во кои можат да ја продолжат нивната академска кариера.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во текот на академската 2023/2024 година започнува со три нови факултети, а во својата понуда има над 40 студиски програми, атрактивни за матурантите во земјава. Исто така, на 1 октомври УМТ започнува со новата академска година во своите нови објекти, во поранешната касарна Илинден, каде работите се развиваат со забрзан интензитет.

By