Студент(к)ите на студиската програма „Медиуми и интеркултурна комуникација“ на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ги посетија двете најголеми национални телевизии во земјава, Алсат М и ТВ21.

Оваа активност беше иницирана од раководителот на студиската програма проф. Агрон Куртиши, заедно со професорите Авни Авдиу, Арта Џелили и Агрон Врангала.

Посетата се одржа во пресрет на Меѓународниот ден на слободата на медиумите, при што студент(к)ите имаа можност да се запознаат со практиката и секојдневната работа на телевизијата во нашата земја.

Во Телевизија Алсат-М студент(к)ите ги пречека главниот одговорен уредник Д-р Адмир Ќосе кој даде детален опис на нивната секојдневна работа како и предизвиците со кои се соочуваат медиумите и новинарството во денешно време.

Уредникот на ТВ 21 Бесир Арифи, откако им посака добредојде на студент(к)ите, им го објасни работниот процес на уредниците на Вести појаснувајќи како оди вообичаената дневна програма на телевизија.

Студент(к)ите го збогатија хоризонтот на знаење преку прашањата и одговорите што ги добиваа од одговорните на соодветните редакции. Вработените во Алсат М и ТВ21 покажаа целосна подготвеност да соработуваат со студент(к)ите на Универзитетот „Мајка Тереза“, нудејќи им можност да ја спроведат потребната професионална пракса во периодот на летниот распуст.

By