Студентите од студиската програма Политички студии и меѓународни односи, во рамките на клиничката настава, имаа можност да ги посетат просториите на Собранието на Република Северна Македонија, каде што беа пречекани од претседателот на Собранието, г. Талат Џафери.
За време на средбата, студентите имаа можност да разговараат со претседателот Џафери за теми поврзани со дневно-политичките предизвици и значењето на парламентарниот живот во нашата земја.
Студентите под раководство на проф. Аритон Рама, како идни политиколози, одблиску беа информиран за просторите, салите, канцелариите на највисокиот државен орган, каде од самите вработени во Собранието беа информирани за организацијата на работата на Собранието.