Скопје, мај 2023 – Студентите од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје од Факултетот за социјални науки, од студиските програми Политички студии и меѓународни односи и Работа и социјална политика, го посетија Националниот сојуз на слепи лица на РСМ каде што беа пречекани од заменик претседателот Зејно Бајрами и секретарот Глигор Самарџиски.

Студентите имаа можност да се запознаат со мисијата и работењето на здружението, како и можностите што им се нудат на студентите за реализација на практична работа. Во овој разговор, студентите изразија подготвеност да придонесат и да иницираат заеднички активности кои би ја олесниле социјализацијата и интеграцијата на слепите и лицата со оштетен вид во општеството.

Оваа активност ја организираа професорите вон. проф. д-р. Дренуша Камбери, д-р. Хава Реџепи и доц. д-р. Рилинд Махмуди во контекст на Меморандумот за соработка потпишан помеѓу Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Националниот сојуз на слепи лица на РСМ.

By