Скопје, 15.12.2023 г. – Денес на Факултетот за хуманистички науки, поточно на Катедрата за германски јазик и книжевност, учествуваа двајца претставници од најзначајните институции за академска мобилност од германскиот свет во Скопје, германскиот професор Томас Маир, претставник на Германската академска служба за размена (DAAD) и австрискиот професор Бесим Алили, дел од Австриската академска служба за размена (OeAD).

Двајцата професори беа пречекани од ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири, а тројцата разговараа за меѓуакадемската соработка, која е многу корисна за студент(к)ите да се поврзат со германското говорно подрачје.

Австрискиот професор Алили и германскиот професор Маир пред студент(к)ите и академскиот кадар на УМТ ја презентираа својата понуда и можноста за учество во бројни проекти кои ги нудат овие две институции, главно за добивање стипендии, учество на летни кампови, како и можности за студии во овие две земји.

На крајот, двајцата професори од овие две институции ги пречека и деканот и академскиот кадар на Факултетот за хуманистички науки и разговараа на многу прашања, со посебен акцент на продлабочувањето на соработката во секоја академска област, особено помеѓу Факултетот за хуманистички науки и релевантните австриски (OeAD) и германски (DAAD) институции.

By