Скопје 14.03.2024 – Во присуство на министерот за правда г-дин Кренар Лога, вработените на УМТ и семејствата на авторите, денеска беше промовирана книгата „Компендиум на англиски текстови од областа на политичките науки, меѓународните односи и дипломатијата“ од Лубица Кардалеска Радојкова и Валбона Хајретин.
Рецензентите на книгата проф. д-р. Татјана Срцева Павловска и проф. д-р. Бујар Ахмети, чија рецензија ја прочита деканот на Правниот факултет вон. проф. д-р. Аргетим Салиу и ја оцени книгата како многу неопходна за студентите кои студираат право.
Проф. д-р. Татјана Срцева Павловска рече дека оваа книга е совпаѓање меѓу лингвистичката филозофија и теоријата на правото, а потребата од нејзино составување е забележана особено при усогласувањето на законодавството на Република Северна Македонија и Европската Унија, бидејќи се забележани терминолошки грешки.
„Економските случувања во последните години ја истакнаа потребата од дополнување на терминологијата од областа на политичките науки, меѓународните и дипломатските односи и нивна унифицирана употреба“, рече деканот на Правниот факултет, вон. проф. д-р. Аргетим се Салиу.
,,Ни требаше една ваква книга од која ќе можеме да ја научиме правилната правна терминологија на англиски јазик, особено ако се има предвид дека при контактите со надворешниот свет, особено со дипломатите, многу е неопходно правилно изразување и разбирање за да се постигнат договори“, рече министерот Лога, и високо ја оцени книга, која сега е во рацете на студентите.
Авторките Лубица Кардалеска Радојкова и Валбона Хајретин се заблагодарија за поддршката коа ја добиле од властите и Универзитетот за составувањето, објавувањето и промоцијата на ова книга.
„Идејата произлезе од многуте барања на студенти на кои им требаше терминолошко знаење, особено англиски термини и тоа не мотивираше да ја напишеме оваа книга која ќе биде прирачник за студентите“, рече Кардалеска Радојкова.
Авторката Валбона Хајретин, која е предавач на Правниот факултет на УМТ, рече дека се чувствува среќна што целта за создавање на ова тријазично терминолошко резиме е реализирана, бидејќи од англискиот јазик нема бегање, бидејќи тој доминира во светот, и поради оваа причина студентите мора да бидат подготвени за светот во кој ќе работат утре.