Во рамките на интензивната промотивна кампања во средните училишта низ државата

Скопје април 2024 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, како дел од промотивната кампања во средните училишта, денес се промовираше пред матурантите од гимназијата „Зеф Луш Марку“ во Скопје, со кои разговараа за нивните планови за запишување на универзитетски студии.

Групата педагози од УМТ ги информираа матурантите дека отворањето на јавнен универзитет на албански јазик во Скопје за нив претставува голема погодност која треба да ја искористат, избирајќи една од 40-те студиски програми на нашите осум факултети.

Матурантите беа информирани дека УМТ има вкупно 8 факултети, од кои минатата година се формирани три: економски, правен и факултет за хуманистички науки, заедно со сегашните пет факултети: градежништво и архитектура, информатика, социјални науки, технички и технолошки науки.

Промотивниот тим составен од предавачите Беким Фетаји, Фати Исени, Бујамин Бела, Букурие Имери Јусуфи, Дитурије Исмаили, Аргетим Салиу, Мајлинда Аџиу и Арта Џелили за време на презентацијата истакнаа дека УМТ секој ден се повеќе се развива, како кадровски така и просторно, и сеуште останува единствениот јавен универзитет на албански јазик во главниот град.

Матурантите од ЗМ покажаа интерес за студиските програми и развија дискусија со тимот на професори.

By