ДИЈАНА ТОСКА ЈА ДОНИРА ХИМНАТА ПОСВЕТЕНА НА МАЈКА ТЕРЕЗА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „МАЈКА ТЕРЕЗА“ ВО СКОПЈЕ
Скопје, 19.06.2024 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. д-р Изет Зеќири денеска оствари работна средба со г-ѓа Дијана Тоска, интелектуалка која во својата 30-годишна кариера работела како новинар, дописник, режисер, продуцент на политички програми и соработник на различни локални и меѓународни новински агенции.
Ректорот Зеќири ја информираше г-ѓа Тоска со случувањата на УМТ, со студиските програми во рамките на осумте факултети, бројот на студенти како и развојот на процесите во академско-научните достигнувања, особено за свеченоста на Апсловентите 2024 како шеста генерација на УМТ која ќе се одржи утре.
Дијана Тоска му се заблагодари на ректорот Зеќири за пречекот и елаборатите за работниот развој на УМТ и во знак на благодарност ја донираше химната на Мајка Тереза, која химна е направена и прилагодена на животот и делото и името на Гонџе Бојаџиу (Мајка Тереза), во универзалниот свет г-ѓа Тоска подари и книга од нејзините изданија со наслов „Македонија во моето новинарство“.