СЕ ОЧЕКУВА ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ АВСТРИСКАТА АМБАСАДА И УМТ
Скопје 26.06.2024 – Денеска амбасадорот на Австрија, неговата екселенција г-дин. Мартин Памер и австрискиот предавач по германски јазик г-дин Бесим Алили. Проректорите проф. д-р Беким Фетаји, проф. д-р Фати Исени, доц. д-р Бујамин Бела како и деканот на Факултетот за хуманистички науки проф. д-р Мустафа Ибрахими заедно со професорот по германски проф. д-р. Изер Максути го пречекаа амбасадорот на Австрија во РСМ,Н.Е. г-дин. Мартин Памер.
За време на средбата, проректорите ја презентираа работата и програмите на УМТ, како и изразување благодарност во име на ректорот, проф. д-р Изет Зеќири кој моментално е на службен пат. Најпрвин, проректорот Фетаи, откако во име на УМТ му посака добредојде на амбасадорот, опширно го информираше за осумте факултети на УМТ и за сите студиски програми. Проф. д-р Исени се задржа на постигнатите резултати на УМТ со посебен акцент на реализираните и отворените проекти на универзитетот. Меѓу другото, тој се задржа и на студиите по политички науки, барајќи соработка со австриските институции во оваа област. Проректорот за финансии, проф. д-р Бела ги претстави студиските програми и влијанието на веќе дипломираните студенти на пазарот во Северна Македонија и во странство. Тој побара соработка меѓу универзитетите, вработените и студентите со слични институции во Австрија.
Деканот на Факултетот за хуманистички науки, проф. д-р Мустафа Ибрахими најмногу се задржа во инмформирањето на амбасадорот за студиските програми кои се поврзуваат со Катедрата за германски јазик и книжевност и Отсекот за преведување албански-македонски-германски јазик. Побара соработка од амбасадорот за обезбедување на предавачи по германски јазик и за набавка на современа и стручна литература на германски јазик за Јазичната лабораторија која моментално е во подготовка.
Амбасадорот г-дин. Памер, откако се заблагодари за поканата, меѓу другото нагласи дека се чувствува задоволно при првата посета на УМТ, како и отворањето на Катедрата за германски јазик и Отсекот за тријазичен превод. На овој начин, УМТ сведочи за мултикултурната природа на Северна Македонија, како основа за соживот и просперитет. Неговата екселенција вети дека по оваа средба соработката уште повеќе ќе се продлабочува, предлагајќи конкретни проекти кои може да се реализираат во иднина. На крајот, амбасадорот г-дин. Памер исто така вети поддршка за соработка меѓу институцијата „Австриска служба за академска размена (OeAD)“ и УМТ.