Лондон/Англија, 03-05.07.2024 –Проректорот за финансии, инвестиции и развој на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, доц. д-р Бујамин Бела учествуваше на организацијата “GREENET MASTERCLASS” финансирана од Европската Унија за проектите “Horizont Grup 5” која  се реализираше во Лондон.

Целта на обуката е да се стимулира и поттикне примената во истражувачки и иновативни проекти во “Horizon Europe”, кои главно се поврзани со прашањата за мобилност и климатските промени и енергетските решенија.

Проректорот Бела го посети и Центарот за контрола на урбан транспорт во Лондон, како и истражувачките институти. На оваа обука учествуваа претставници од многу земји од ЕУ како Германија, Франција, Шпанија, Италија, Холандија, Ирска, Литванија, Англија и Израел.

Овој настан ја промовира потребата за соработка на универзитетите и академијата, индустријата и институционалните јавни раководители од Северна Македонија за вклучување во проектите на Хоризонт Европа за истражување и развој.

Оваа обука беше поддржана од Европската Унија и Центарот за Истражување и Иновации на Велика Британија (UK Research and Innovation).

By