Скопје, 10.07.2024 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири беше домаќин на средбата со г-дин Дејвид Хосафлук директор на Институтот за албански протестантски студии.
На средбата на која присуствуваа претседателот на Студентското собрание на УМТ, Омер Хебиб и Емира Селими од истиот институт, беше разговарано за соработка од различни области и од заеднички интерес.
Ректорот Зеќири го информираше директорот Хосафлук за напредокот на УМТ, развојот на студиските програми во рамките на осумте факултети, бројот на актуелни студенти, нивните достигнувања во земјата и пошироко, барањата на пазарот на трудот и можностите за студирање кои ги нуди нашиот универзитет, и претставува единствената јавна установа во главниот град на мајчин јазик.
Директорот на Институтот за албански протестантски студии, г-дин Дејвид Хосафлук, му се заблагодари на ректорот Зеќири за направените елаборати на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, при што му честиташе за академско-научната работа за посебните дела на мозаиците, чие дело високо го вреднува, изразувајќи особена благодарност, при што за универзитетската библиотека донираше и некои наслови кои се однесуваат на семејството Ќиријази.