Скопје, 22.08.2024 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р.Изет Зеќири денеска беше домаќин на првиот вицепремиер и министер за животна средина и планирање г-дин. Изет Меџити придружуван од заменик министерот за образование и наука г-дин. Лулзим Алиу.
На работната средба, првиот вицепремиер Изет Меџити и заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу му честитаа на ректорот Зеќири за постигнувањата на УМТ во текот на овие години, нудејќи му институционална поддршка за натамошна консолидација на УМТ во подигањето на квалитетот во виското образование.
Ректорот Зеќири изрази благодарност за посетата на Меџити и Алиу и им честиташе за многу важната функција во извршната власт. На средбата присуствуваа проректорите Ризван Сулејмани, Фати Исени, Бујамин Бела и Беким Фетаји, како и генералниот секретар Мукадес Хајдари, ректорот проф. д-р Изет Зеќири ги запозна дека се веќе во тек новите уписи на студентите за учебната 2024/2025 година со континуирано зголемување на бројот на студенти, со развојот на студиските програми кои ги нуди Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, и со барањата и предизвиците за просториите на Универзитетот кампус Мајка Тереза“ во Скопје.
Ректорот на УМТ проф. д-р Изет Зеќири напомена дека ги информирал Меџити и Алиу за општите активности на универзитетот.
„Ние како универзитет го информиравме вицепремиерот за сите активности кои се превземени до сега , особено за подготовките за упис на новите студентите, инвестициите кои ги направивме во инфраструктурата на универзитетот, како и го повторивме нашето барање за реализација на идејата за универзитетскиот кампус за кој постои проект“, изјави ректорот на УМТ Изет Зеќири.
Првиот вицепремиер Изет Меџити, за сите студенти и за целиот академски и административен кадар, соопшти одличната вест дека се очекува од Владата деновиве да отворат постапка за почеток на изградба на оваа високообразовна институција, Универзитетскиот кампус на УМТ.
„Денес е денот кога можам да соопштам убава вест, голема вест, за создавање нова перспектива за Универзитетот „Мајка Тереза“, деновиве ја чекаме одлуката за отворање на постапката за отпочнување на изградба на универзитетскиот кампус и со овој инвестициски капитал докажуваме дека најголем приоритет ќе има образованието, во сите области“, рече Меџити, додавајќи дека проектот за кампусот е веќе во Министерството за транспорт за да се добие дозвола за градба, и се чека само владината одлука, јас верувам дека сме на добар пат, што се однесува до нашиот дел како влада.
За време на посетата која беше остварена во чест на 114-от роденден на Гонџе Бојаџиу „Мајка Тереза“ Меџити рече дека УМТ ќе има поддршка од Владата, додека од оваа институција очекуваме производство на квалитетни кадри.
Во чест на 114-годишнината од раѓањето на хуманистката Мајка Тереза, при што нашиот универзитет гордо го носи нејзиното име, ректорот Зеќири на првиот вицепремиер Меџити му подари авторско дело со ликот на Мајка Тереза - Гонџе Бојаџиу.
Во рамките на посетата, вицепремиерот Меџити ги посети и просториите на Универзитетот, универзитетската библиотека, компјутерските лаборатории и други простории.