Скопје/Риека, 03-06 декември 2024 година – Генералниот секретар на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, ѓ-ца Мукадес Хајдари, и раководителот на Секторот за меѓународни односи, г-дин Бујар Кајоли, остварија студиска посета на Универзитетот во Риека во Хрватска, во рамките на програмата Еразмус+.

За време на оваа посета, претставниците од УМТ остварија значајни средби со проф. д-р Матеј Фоновиќ, Еразмус координатор на Факултетот за технички науки на Универзитетот во Риека, како и со г-ѓа Маша Шашинка, раководител на Канцеларијата за меѓународни односи. Разговорите меѓу странките се фокусираа на:

Продолжување на досегашната соработка меѓу двата универзитета. Создавање нови можности за заеднички проекти, со фокус на академски размени и развој на нови научни програми.

Посетата беше оценета како важен чекор за зајакнување на меѓууниверзитетското партнерство и проширување на меѓународниот ангажман на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Универзитетот „Мајка Тереза“ останува посветен на градење нови мостови на меѓународна соработка и обезбедувајќи им на своите студенти и вработени да ги искористат можностите кои се нудат преку програмата Еразмус+ и други иницијативи.

By