Скопје, 02.04.2025год.– Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф.д-р Изет Зеќири потпиша Меморандум за разбирање со центарот за балканска соработка – Лоја, претставен од извршниот директор, г-дин Бујар Лума, и со центарот за обука и вмрежување за мировна акција – Курве Вустроу од Германија, претставен од г-дин Амјад Митри.

Ректорот Зеќири, придружуван од проректорот вон. проф. д-р Бујамин Бела, како и водачите на проектот, вон. проф. д-р Енвер Абдулаху и доц. д-р Арта Џелили им се заблагодари на претставниците на Центарот Лоја и Центарот Курве Вустроу од Германија за нивната максимална посветеност и професионализам покажан во текот на целиот процес, нагласувајќи ја важноста од соработката и заедничките напори за постигнување резултати.

Овој договор меѓу партнерите има за цел ангажирањето за обединување на инфраструктурата, човечките ресурси и интелектуалниот капацитет, со цел заеднички да се обезбеди одржливост на проектот „Укотвување на мултикултурната младинска работа во универзитетските наставни програми за идните наставници“ за периодот 2025-2027 година.

Друга цел на овој Меморандум за разбирање е, да развие содржини и активности посветени на мултикултурното образование со посебна карактеристика на пренесување на практичните вештини и компетенции неопходни за успешно спроведување на интеркултурни проекти во училиштата и заедниците, да им се овозможи на студентите и назначениот персонал да присуствуваат на воннаставни активности: обуки, студиски посети, академски размени, мобилности.

Исто така, истражување од страна на професорите, студентите и членовите на персоналот на УМТ да се спроведе во просториите на УМТ, да се поддржи надворешната комуникација со другите партнери во Северна Македонија, партнерските универзитети во регионот, странските институции, пошироката јавност и други точки за соработка.

By