Велес, април 2026 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје продолжува со промотивните активности во средните училишта, при што ја презентира академската понуда за студиската 2026/2027 година. Во рамките на оваа активност, следната промоција се одржа пред матурантите од Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес.

Пред присутните беа презентирани условите за студирање и бројните програми што се нудат на осумте факултети на универзитетот. За овие можности зборуваа проф. д-р Мустафа Ибраими, декан на Факултетот за хуманистички науки, како и Суат Усeјни, практичен експерт во УМТ и истовремено професор во оваа гимназија.

Деканот Ибраими ја истакна важноста на правилниот избор на студии, охрабрувајќи ги матурантите да го продолжат високото образование на УМТ. Тој нагласи дека секоја студиска програма претставува реална можност за професионален развој и сигурност во иднината. Исто така, тој информираше дека од оваа гимназија досега се запишале околу 50 студенти, од кои околу 15 дипломирале, додека еден има завршено студии на магистерско ниво.

Суат Усeјни истакна дека важен показател за квалитетот на студиите на УМТ е фактот што сите дипломирани студенти од Велес веќе се вработени.

Матурантите учесници претежно доаѓаа од населени места со албанско население во велешкиот регион, како Јаболчишта, Бузалкова, Сливник, Клуковец и други околни села. Нивниот интерес за студирање на УМТ беше очигледен, што се одрази преку бројните прашања поврзани со условите и процедурите за запишување.

By