Скопје, 11.08.2026 – На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се одржа следната работна средба во рамките на имплементацијата на Студентскиот портал и Електронскиот систем за управување со студентите.

На средбата присуствуваа ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, проректорот за настава, проф. д-р Фати Исени, продеканот на Факултетот за технички науки, доц. д-р Арбрнор Рушити, како и раководителот на Студентската служба, м-р Солидар Сулејмани.

Од компанијата А1, на средбата присуствуваше г. Фестим Камбери, кој ја презентираше досегашната работа и постигнатиот напредок во имплементацијата на системот.

За време на средбата беа презентирани функционалностите развиени досега, имплементираните процеси, како и последните фази неопходни за финализирање и ставање во функција на платформата. Од страна на ректорот беа предложени неколку дополнителни функционалности во делот на студентите. Исто така, предлози за подобрување на процесите даде и проректорот Фати Исени, како и неколку дополнителни предлози од страна на раководителот м-р Солидар Сулејмани.

Беше констатирано дека проектот значително напредувал и веќе се наоѓа во завршна фаза, при што главниот дел од системот е развиен и подготвен за последните фази на тестирање и имплементација.

Студентскиот портал и Електронскиот систем за управување со студентите претставуваат значаен чекор во процесот на дигитализација на УМТ, со цел модернизирање на студентските услуги, зголемување на административната ефикасност и обезбедување побрзи, транспарентни и достапни услуги за студентите и академскиот кадар.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје продолжува со унапредување на процесот на дигитална трансформација, со фокус на создавање модерен, ефикасен универзитет, ориентиран кон потребите на студентите.

By