Скопје, април 2026 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ја продолжи својата промотивна кампања со динамична средба во Средното училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“. За време на оваа посета, матурантите имаа можност да се запознаат со богатата академска понуда и новитетите кои УMТ ги нуди за наредната академска година.
Академскиот тим, составен од професорите Бујамин Бела, Букурије Имери Јусуфи, Неритан Туркеши, Агим Мамути, Гента Спахиу Мирзо, Арбнор Рушити, Фисник Доко и Албина Муча, ги презентираа осумте академски единици на универзитетот. Покрај студиските програми, посебен фокус беше ставен на стипендиите од Erasmus+ и домашните стипендии, практичната настава и директната поврзаност на студиите со потребите на пазарот на труд.
Средбата се одликуваше со голем интерес од страна на учениците, кои преку прашања и дискусии се информираа за современите услови за студирање и студентскиот живот на нашиот кампус. Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје упати голема благодарност до менаџментот на училиштето „Арсени Јовков“ за одличната соработка во насочувањето на новите генерации кон квалитетно образование.
