Скопје, 27.04.2026 година– Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Институтот за злосторства извршени за време на војната во Косово – ИЗИВ денес го официјализираа своето соработка преку договор, кој беше проследен со тематско предавање за студентите и академскиот кадар.
Посетата започна со работна средба, на кој проректорот за образование, проф. д-р Фати Исеини, и проректорот за финансии, инвестиции и развој, вон. проф. д-р Бујамин Бела, го пречекаа директорот на ИЗИВ, д-р Атде Хетеми, со неговиот тим. За време на оваа братска и институционалена средба, се дискутираше за значењето на научното документирање на историските факти и за улогата што треба да ја имаат високообразовните институции во тој процес.
Во име на ректорот, академскиот и административниот кадар на УМТ, настанот го прогласи за отворен проф. д-р Фати Исеини, кој ја цени високо мисијата на Институтот и значењето на ова партнерство за колективната меморија и правната наука.
Клучниот момент на средбата беше потпишувањето на Меморандумот за соработка, кој предвидува заеднички ангажман во научно-истражувачки проекти, размена на документација, организирање на научни тркалезни маси, како и обезбедување можности за студентите на УМТ да бидат вклучени во истражувања за транзициска правда и документирање на воени злосторства.
По церемонијата на потпишување, д-р Атде Хетеми одржа пред преполна публика отворено предавање на тема: „Воени злосторства – Зошто документираме?“. Преку детална презентација, д-р Хетеми ја образложи неопходноста од архивирање на фактите, предизвиците на теренот и значењето што овој процес го има за иднината на правдата во регионот.
Оваа сесија беше модерирана од Донка Казиовска, која ја водеше дискусијата и разговорот со публиката. Покрај студентите и професорите, на настанот присуствуваа и претставници од акредитираните амбасади во земјата, како и раководители и членови на различни невладини организации, што му даде на настанот широк институционален и дипломатски карактер.
Оваа соработка претставува важен чекор за УМТ во нејзиниот пат кон зајакнување на научните профили и поврзување на институцијата со процеси кои имаат национална и историска тежина.
