Скопје, 17.11.2026 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денес направи уште еден значаен чекор во насока на проширување на меѓуинституционалната соработка, со потпишување Меморандум за соработка со Институтот за брак, семејство и системска пракса „АЛТЕРНАТИВА“.
Меморандумот официјално го потпишаа ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, и директорката на Институтот „Алтернатива“, прим. д-р Славица Гајдасис Кнежевиќ. На оваа свечена и официјалена средба, ректорот Фетаји беше придружуван од проректорите проф. д-р Сани Демири и вон. проф. д-р Бујамин Бела, како и од продеканот за наука на Факултетот за социјални науки, проф. д-р Даниел Павловски, додека директорката беше придружувана од г-ѓа Анастасија Гкајтатзи-Саздов.
Главните точки на соработка утврдени во Меморандумот опфаќаат поврзување на образованието со практиката преку организирање тематски предавања, работилници и практични вежби со вклучување на експертите од Институтот „Алтернатива“, создавање конкретни можности за студентска пракса и нивно насочување кон професионален развој во областа на психотерапијата и психолошкото советување, како и поттикнување научноистражувачка работа и заеднички едукативни иницијативи во интерес на унапредувањето на практичните компетенции на студентите.
Ова партнерство ја отсликува континуираната посветеност на УМТ за приближување на студентите до пазарот на трудот и специјализираните институции од областа на менталното здравје и семејството, отворајќи нови перспективи за академска и професионална соработка.
