Драч/Албанија, мај 2026 година – Во градот Драч успешно се реализираше „Western Balkans Cyber Camp 2026“, настан од регионално значење посветен исклучиво на сајбер безбедноста. Овој настан собра перспективни студенти, истакнати претставници од академската заедница и експерти од CIRT тимовите (Cyber Incident Response Team) од сите земји на Западен Балкан.

Меѓу претставниците од Северна Македонија беа и четири студентки од Факултетот за информатички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје: Алиса Шабани, Адла Лимани, Канита Речица и Шќипдона Мазари, додека претставничка од академскиот кадар беше доц. д-р Мајлинда Аџиу.

Во текот на кампот, учесниците имаа можност да следат предавања и професионални сесии предводени од познати меѓународни експерти за сајбер безбедност, запознавајќи се со најактуелните трендови и предизвици во оваа област. Покрај теоретскиот дел, студентите беа ангажирани и во практични вежби и предизвици од областа на сајбер безбедноста, развивајќи ги своите технички и аналитички вештини.

На крајот од кампот, учесниците добија сертификати за успешно следење и завршување на програмските активности.

Учеството на вакви меѓународни активности претставува значајна можност за професионален напредок на студентите и зајакнување на академската и професионалната соработка во регионот во областа на технологијата и сајбер безбедноста.

By