Студентите на Факултетот за информатички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје постигнуваат забележителни резултати на Western Balkans Cybersecurity Marathon 2026, регионална иницијатива организирана од Националниот авторитет за сајбер-безбедност (AKSK) на Република Албанија, која обединува млади од шест држави на Западен Балкан: Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.
Студентите Канита Садики и Ермир Латифи покажаа високи и континуирани резултати во текот на маратонот, пласирајќи се меѓу тројцата најдобри учесници на национално ниво, од вкупно 50 учесници од Северна Македонија, како и меѓу ТОП 10 на вкупната регионална ранг-листа, од вкупно 227 учесници.
Двајцата студенти успешно ги завршија фазите „Cybersecurity Fundamentals and OSINT“ и „Blue Team Operations“, при што се стекнаа со соодветните сертификати. Овие резултати ја одразуваат посветеноста и способностите на нашите студенти, потврдувајќи ја важноста на нивното учество во регионални иницијативи кои ги поврзуваат академските знаења со практичните предизвици во областа на сајбер-безбедноста.
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје им честита на студентите за досегашните достигнувања и им посакува многу успех во следните фази на маратонот.
