Во согласност со одлуката на Владата на Република Северна Македонија, донесена на 15-тата седница, одржана на 10.03.2020 година, (https://vlada.mk/node/20446), за превенција од ширење на корона вирусот (COVID-19), по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ги известува сите студенти дека се прекинува образовниот процес во наредните 14 дена, почнувајќи од утре 11.03.2020 година.
Со оваа одлука, се прекинува целиот наставен процес, а професорите и администрацијата ќе ги реализираат останатите обврски и активности во согласност со препораките на Ректорската управа на УМТ.
Студентите дополнително ќе бидат известени за обврските за предметите преку платформата Google Classroom. Согласно точка 3 од Одлуката на Владата на РСМ, еден од родителите на деца до 10 годишна возраст, ќе биде ослободен од работните обврски.
Околу дополнителните Одлуки, ќе бидете навремено известени!
Ректорска управа на УМТ