ДО:АКАДЕМКИОТ, АДМИНИСТРАТИВНИОТ КАДАР И СТУДЕНТИТЕ
ПРЕДМЕТ: ЗАКЛУЧОЦИ ОД 25-ТА СЕДНИЦА НА РЕКТОРСКАТА УПРАВА (ВОНРЕДНА СЕДНИЦА)
Почитувани,
На 25-та Седница на Ректорската Управа одржана на 12.03.2020, се усвоија следниве заклучоци:
1. Секој предавач на предметот преку Google classroom на своите студенти да им ги испрати двете лекции предвидени за предавање за овие две недели;
2. Секој предавач да го определи распоредот за комуникација со студентите преку службената електронска пошта (e-mail) најмалку 3 часа неделно за секој предмет кој го предаваат.
3. Да се известат студентите за овој распоред и да се вклучат во електронската комуникација со предавачите по потреба во определениот распоред од предавачите.
4. За делот на вежбите ќе се дискутира откако ќе помине ова вонредна состојба.
5. Да се откажат сите активности, посети, екскурзии и слични активности на студентите за време на вонредниот период.
6. Администрацијата ќе се ангажира во согласност со упатствата дадени од страна на Владата на РСМ и Министерството за образование и наука и сите нивни активности ќе се одвиваат во координација со Генералниот секретар.
7. Проректорите, користејќи го начинот на ротација и со нивна координација ќе го посетат Универзитетот секој ден.
8. Деканите на факултетите на автономен начин ќе се договорат за повремено доаѓање на Факултет со цел на потпишување на потврди или некој друг документ;
9. Да се пополнат барањата проследени од проректорот за наука во врска со научните трудови и да се ажурираат CV-то;
10. Актуелните комисии да продолжат со извршување на работите on-line;
11. Работните групи во соработка со Деканите та продолжат со ажурирањето на студиските програми и со подготовка на новите студиски програми кои се договорени за акредитација;
12. Во случај на евентуални промени ќе бидете дополнително известени.
Со почит,
РЕКТОРСКА УПРАВА НА УМТ