Во спомен на Јустина Шкупи, големо име, заборавено во фиоките на историјата.

Скопје, 8-ми март 2021 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, 8-ми март – Меѓународниот ден на жената ѝ го постветува на Јустина Шкупи, албанската медицинска сестра во Шпанската војна, албанската Флоренс Најтингејл која треба да ја знаат сите Албанци и Албанки.

Која беше Јустина Шкупи?

За Јустина Шкупи е напишано многу малку. Родена е во Скопје, на 26 февруари 1909 година. Била единствената Албанка меѓу десетиците албански антифашистички доброволци во Шпанската војна, каде што служела заедно со Џемаљ Када, Асим Вокши, Тени Кономи, Рамиз Варварица, Емруш Мифтари, големиот писател Петро Марко и други интернационални борци.

Името на познатата медицинска сестра и жена-борец Јустина Шкупи, Петро Марко го овековечи во романот „Хаста ла виста“, каде тој ја нарекува „сестра Јустина Шкупи “. Во нејзина чест во тие години во Мадрид една улица била наречена Јустина Шкупи. По војната, Јустина служела како медицинска сестра во Тирана. Но, иако важна личност во антифашистичката борба за слобода, ништо не беше сторено за да се запамети името на оваа истакната Албанка. Почина сама како медицинска сестра во Тирана и со текот на годините нејзиното име се заборави.

Името на Јустина Шкупи го врати во албанската свест нејзината пријателка од детството и од основното училиште во Скопје, Гонџе Бојаџиу. Светата Мајка Тереза, за време на нејзината посета на комунистичката Тирана во 1989 година, го барала и гробот на нејзината пријателка од детството. Мајка Тереза не ја напуштила Тирана без да го најде нејзиниот гроб каде оставила цвеќе и го овековечила споменот за нејзината работа. Двете другарки се разделиле на млада возраст за да дејствуваат и да ги остварат своите соништа за подобар свет. Тогаш, ниту една не знаела дека се разделени и никогаш повеќе нема да се сретнат.

Јустина Шкупи и Гонџе Бојаџиу беа две скопски интернационални жени кои го оставија настрана приватниот живот и без ограничување се посветија на поголема цел, на луѓето во неволја и човештвото.

Јустина Скопје, истакната албанска жена „како да е излезена од некое друго време”! Честит 8-ми Март!

Поезија: Јустина Шкупи

„Илјада и едногодишна.

Со седа коса како медитеранска ноќ.

Без дете. Сосема пијана.

Таа која на Шпанија ѝ преврзуваше рани

го предаде последниот здив во една пуста клиника.

Над глава и блескаше еден Поет” * (*Петро Марко)

Џевахир Спахиу, Том поезија „Неизвесност” (стр. 15; „Онуфри“, 1996 годин

By