Скопје/Приштина, 𝟐𝟕-ми мај 𝟐𝟎𝟐𝟏 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје потпиша меморандум за соработка со ,,Колеџот 𝐀𝐀Б’’ во Приштина.
Делегацијата на УМТ предводена од проф. д-р. Ризван Сулејмани – проректор за меѓународни односи, проф. д-р. Блерим Саити како и генералниот секретар на Универзитетот мр. Бујар Кајоли беа пречекани од ректорот на „Колеџот ААБ“, проф. д-р. Бујар Демјаха, проректор за академски работи, проф. д-р. Шемседин Вехапи како и деканот на Факултетот за физичко образование и спорт проф. д-р. Пирева.
Универзитетите кои го потпишаа овој договор од сега па натаму се согласуваат да развијат активности во академските области од заеднички интерес, потпирајќи се на принципите на еднаквост и реципроцитет:
– размена на академски и / или административен кадар;
– размена на студенти од разни циклуси на студии за семестрални периоди или во одредени периоди за изведување на практика;
– заеднички активности од научно истражување и публикации;
– заеднички организации на научни конференции, семинари, тркалезни маси и учество на академски собири;
– размена на академски материјали и други потребни информации;
– посебни академски програми кои не траат долго, вклучително и заедничка организација на летни школи;
– заедничко аплицирање на домашни и меѓународни фондови од областа на високото образование и науката;
– создавање на административно олеснување при вработување на академски кадар со определено работно време;
– други форми на соработка.
УМТ има потпишано над 50 меморандуми за соработка со високообразовни институции и пошироко.