Скопје, 28 јуни 2021 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје учествуваше како ко-организатор на семионарот заедно со Универзитетот од Виена и Универзитетот „ Goethe “ од Германија. Овој симпозиум се одржа на 25 и 26 јуни 2021 на виртуелната платформа на тема: „Европско исламска организација и нивните сознанија за образованието“. 

Во воведниот говор на тема „Исламот во европски контекст“, ректорот, проф. д-р Азиз Положани ги поздрави учесниците, додавајќи: „Република Северна Македонија е мултиетничка и мултирелигиозна земја. Во традицијата на народите што живеат владее една меѓурелигиска хармонија и соживот на народи со различни етнички и религиозни определби. Во однос на секуларната организација на општеството, државата ги поддржува институциите кои образуваат кадри за култни институции од двете религии, христијанска и муслиманска. Предизвиците од меѓурелигискиот развој врз плуралистички и глобализирачки контекст се како да се зачува традиционалната форма на култивирање на религијата како проверен начин на социјална кохезија”. 

Симпозиумот го поздрави и високиот претставник од австриската влада. Доказите за организацијата на овие меѓународни семинари покажуваат дека УМТ веќе претставува огниште на знаењето и науката од самото свое основање па се до денес и е на вистинскиот пат давајќи им на студентите најнови искуства и примери од соседните универзитети во земјата, со посебен акцент, од оние меѓународните имајќи ги предвид горенаведените универзитети. 

Ко-организатор 

By