Проф.д-р. Беким Фетаји беше поканет како главен говорник на Конференцијата ЕТИМА 2021 година 

Проф.д -р Беким Фетаји од Факултетот за информатика, Универзитетот Мајка Тереза, беше поканет како главен говорник на Конференцијата ETIMA 2021, Електротехника, технологија, информатика, машини и автоматика, – технички науки применети во економијата, образованието и индустријата.

Тој ја одржа својата главна презентација на 19 февруари со тема: Оценување на дигиталните вештини и компетенции на јавната администрација и дефинирање на нивните нивоа на владеење.

Агендата и конференциската програма може да се најдат на Интернет на следниот линк: https://etf.ugd.edu.mk/images/etima2021/agenda-etima2021.pdf